38. И ете, еден човек од народот извика: „Учителе, Те молам, погледни на мојот син, зашто ми е единец!
39. Ете, духот го фаќа и тој вика одеднаш, и го растргува така, што фрла пена и сотрувајќи го, одвај си оди од него.
40. И ги помолив Твоите ученици, за да го истераат, но не можеа.”
41. Исус пак одговори и рече: „О, роде неверен и расипан, до кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го твојот син тука!”
42. И додека му приоѓаше бесот го фрли на земја и почна да го крши; но Исус го прекори на нечистиот дух и го оздрави детето и му го предаде на татко му.
43. И сите се чудеа на Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сè она што направи, Тој им рече на Своите ученици:
44. ”Сложете ги овие зборови во своите уши: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце!”