Стар Завет

Нов Завет

Лука 9:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. И кога тие се разделуваа од Него - Петар Му рече на Исуса: „Учителе, добро е да сме тука; ќе направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија” - не знаејќи што зборува.

34. И додека тој уште го зборуваше тоа, дојде облак и ги засени и се исплашија, кога влегоа во облакот.

35. А од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот Син, Мојот Избраник! Слушајте Го Него!”

36. Кога гласот екна, Исус се најде Сам. Тие пак молчеа и никому ништо не кажуваа во тие дни, за она што видоа.

Прочитајте целосна глава Лука 9