Стар Завет

Нов Завет

Лука 9:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Зашто, каква полза има човекот ако го добие целиот свет, а самиот себе се изгуби или се упропасти?

26. Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во Својата слава, и во славата на Таткото и на светите ангели.

27. И вистина ви велам, има некои меѓу овие, што стојат тука, кои нема да ја вкусат смртта, додека не го видат Божјото Царство.”

28. И на околу осум дена по овие зборови, ги зеде со себе Петра, Јована и Јакова и се искачи на гората да се моли.

29. И додека се молеше Неговото лице се измени, а облеката Му стана бела и сјајна.

30. И ете, два човека разговараа со Него; тоа беа Мојсеј и Илија,

31. кои се јавија во слава и говореа за Неговиот излез, што требаше да го заврши во Ерусалим.

32. А сонот ги совлада Петра и неговите другари. А кога се разбудија, ја видоа Неговата слава и двајцата мажи, кои стоеја со Него.

33. И кога тие се разделуваа од Него - Петар Му рече на Исуса: „Учителе, добро е да сме тука; ќе направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј, еден за Илија” - не знаејќи што зборува.

34. И додека тој уште го зборуваше тоа, дојде облак и ги засени и се исплашија, кога влегоа во облакот.

Прочитајте целосна глава Лука 9