Стар Завет

Нов Завет

Лука 9:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ги повика Дванаесетмината и им даде сила и власт, над сите нечисти духови и да лекуваат болни.

2. И ги испрати да го проповедаат Божјото Царство и да исцелуваат болни.

3. И им рече: „Не земајте ништо за пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребреници! Ниту да имате по две облеки.

4. И во која куќа и да влезете, останете и оттаму тргнувајте.

5. И ако некои не ве примат, излезете од нивниот град, истресете го правот од своите нозе, за сведоштво против нив!”

6. Тогаш отидоа и одеа по селата, проповедувајќи го Евангелието и исцелувајќи насекаде.

7. А четворовласникот Ирод чу за сè што се случува и беше во голема неприлика, зашто некои зборуваа дека Јован воскреснал од мртвите;

Прочитајте целосна глава Лука 9