Стар Завет

Нов Завет

Лука 24:30-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде.

31. Тогаш им се отворија очите и Го препознаа; но Тој стана невидлив за нив.

32. И си рекоа еден на друг: „Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?”

33. И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив,

34. кои зборуваа: „Господ навистина воскресна; му се јавил на Симона!”

35. А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.

36. И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!”

Прочитајте целосна глава Лука 24