Стар Завет

Нов Завет

Лука 24:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите, што ги приготвија.

2. И го најдоа каменот одвален од гробот.

3. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.

4. И додека стоеја збунети заради тоа, ете, пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки.

5. Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

6. Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека уште беше во Галилеја;

7. говорејќи: ‘дека Човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден!’

8. И си ги спомнаа Неговите зборови.

9. И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други.

10. А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив; им го кажаа тоа на апостолите.

11. А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа.

Прочитајте целосна глава Лука 24