Стар Завет

Нов Завет

Лука 23:36-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Му се потсмеваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина;

37. и велеа: „Ако си Јудејски Цар спаси се Самиот!”

38. А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Јудејскиот Цар.”

39. А еден од обесените разбојници Го хулеше: „Зар не си Ти Христос? Спаси се Себеси и нас!”

40. А другиот во одговор го укори: „Зар не се боиш од Бога, кога и ти си исто така осуден.

41. И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.”

Прочитајте целосна глава Лука 23