Стар Завет

Нов Завет

Лука 23:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. По Него одеше големо множество народ и жени, кои плачеа и ридаа за Него.

28. Но Исус се заврти кон нив и им рече: „Ерусалимски ќерки, не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца!

29. Зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: ‘Блажени се неродилките! И утробите што не родиле и градите што не доеле!’

30. Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нè!’

31. Зашто, ако се прави вака со зеленото дрво, што ќе биде со сувото.

32. А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него.

33. И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и злочинците - едниот оддесно, а другиот одлево.

34. А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!” Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка.

35. Народот стоеше и гледаше. А старешините се ругаа, велејќи: „Други спаси! Нека се спаси Самиот Себеси, ако е Тој Христос, Божји Избраник!”

36. Му се потсмеваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина;

Прочитајте целосна глава Лука 23