Стар Завет

Нов Завет

Лука 23:25-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен во темница заради бунт и убиство; а Исуса им Го предаде на нивна волја.

26. И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса.

27. По Него одеше големо множество народ и жени, кои плачеа и ридаа за Него.

28. Но Исус се заврти кон нив и им рече: „Ерусалимски ќерки, не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца!

Прочитајте целосна глава Лука 23