9. А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?”
10. А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе
11. и речете му на домаќинот: ‘Учителот прашува, каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?’
12. И тој ќе ви покаже голема горна одаја послана, таму пригответе!”
13. А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата.
14. А кога дојде часот, седна Тој крај трпезата и апостолите со Него,
15. и им рече: „Многу сакав да ја јадам со вас оваа Пасха, пред да пострадам,
16. зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото Царство.”
17. И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе,
18. зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!”