Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:56-71 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

56. И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!”

57. Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!”

58. И малку потоа, го виде некој друг и рече: „И ти си од нив!” А Петар рече: „Човеку, не сум!”

59. И кога помина околу еден час време, еден друг потврдуваше: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!”

60. А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!” И веднаш - додека уште зборуваше - петел запеа.

61. Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра; и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене!”

62. И Петар штом излезе надвор заплака горко.

63. А мажите, кои го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го биеја;

64. па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа: „Проречи кој Те удри?”

65. И многу други хули рекоа против Него.

66. А кога се раздени, се собраа народните старешини, свештеничките главатари и книжниците, и Го воведоа во Синедрионот

67. и Му рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!” А Тој им рече: „Ако ви кажам, нема да поверувате.

68. Ако ве прашам, нема да одговорите.

69. Но отсега Човечкиот Син ќе седи оддесно на Божјата Сила.”

70. Тие сите рекоа: „Значи, Ти си Божји Син?” Тој пак им рече: „Вие велите дека Сум Јас.”

71. А тие рекоа: „Зошто ни е потребно уште сведоштво. Самите чувме од Неговата уста.”

Прочитајте целосна глава Лука 22