Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:42-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!”

43. И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

44. И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата.

45. И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага;

46. и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!”

47. Додека уште зборуваше, ете, едно множество, пред кого одеше еден од Дванаесетмината, кој се викаше Јуда, и Му се приближи на Исуса да Го целива.

48. Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!”

49. А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?”

50. И еден од нив, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.

51. А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!” И се допре до увото и го излечи.

52. Тогаш Исус им рече на оние, кои се кренаа против Него - на свештеничките главатари, на началниците на Храмот и на старешините: „Излеговте како на разбојник со мечеви и стапови!

53. Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!”

54. А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на првосвештеникот. Петар одеше по Него оддалеку.

55. Кога пак запалија оган среде дворот и седнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив.

Прочитајте целосна глава Лука 22