Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:40-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. И кога дојде на местото, им рече: „Молете се, за да не паднете во искушение.”

41. И Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена и се молеше,

42. велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!”

43. И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

44. И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата.

45. И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага;

46. и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!”

47. Додека уште зборуваше, ете, едно множество, пред кого одеше еден од Дванаесетмината, кој се викаше Јуда, и Му се приближи на Исуса да Го целива.

48. Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!”

Прочитајте целосна глава Лука 22