Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:35-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?” А тие рекоа: „Ништо!”

36. И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч;

37. зашто ви велам, дека треба да се изврши на Мене што е напишано: „И Го вброија меѓу злочинци!” Имено, она што е пишано за Мене - се исполнува.”

38. А тие Му рекоа: „Господи, еве тука има два меча!” А Тој им рече: „Доста е!”

39. И излезе и отиде, според обичајот, на Маслиновата Гора; а учениците одеа по Него.

40. И кога дојде на местото, им рече: „Молете се, за да не паднете во искушение.”

41. И Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена и се молеше,

42. велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!”

43. И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

44. И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата.

45. И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага;

46. и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!”

Прочитајте целосна глава Лука 22