Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:21-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Но, ете, раката на оној, кој Ме предава е со Мене, на трпезава.

22. Зашто Човечкиот Син оди, како што е определено, но горко му на оној човек, кој ќе Го предаде!”

23. И почнаа да се прашуваат помеѓу себе: кој ли ќе е од нив оној, кој ќе го направи тоа.

24. А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем.

25. А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори.

26. А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот.

27. Зашто, кој е поголем - оној, кој прилегнал покрај трпезата или оној, кој слугува? Зар не е оној, кој прилегнал покрај трпезата? А Јас Сум меѓу вас како служител.

28. Вие сте оние, кои истрајувате со Мене во Моите искушенија.

29. И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене,

30. за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте Израелеви племиња.”

31. ”И рече Господ: Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица,

32. но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!”

33. А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.”

34. А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!”

Прочитајте целосна глава Лука 22