Стар Завет

Нов Завет

Лука 22:17-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе,

18. зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!”

19. Потоа зеде леб, заблагодари и го раскрши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!”

20. А исто така, ја зеде и чашата - по вечерата - и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас.

21. Но, ете, раката на оној, кој Ме предава е со Мене, на трпезава.

22. Зашто Човечкиот Син оди, како што е определено, но горко му на оној човек, кој ќе Го предаде!”

23. И почнаа да се прашуваат помеѓу себе: кој ли ќе е од нив оној, кој ќе го направи тоа.

24. А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем.

25. А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори.

26. А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот.

27. Зашто, кој е поголем - оној, кој прилегнал покрај трпезата или оној, кој слугува? Зар не е оној, кој прилегнал покрај трпезата? А Јас Сум меѓу вас како служител.

Прочитајте целосна глава Лука 22