1. А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха.
2. Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот.
3. Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариотски, еден од бројот на Дванаесетмината.
4. Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го предаде.
5. И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници.
6. И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот.
7. И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне.
8. И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасхата!”
9. А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?”