Стар Завет

Нов Завет

Лука 2:46-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува.

47. А сите кои Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите.

48. Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”

49. Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?”

50. Но тие не го разбраа зборот што им го рече.

51. И слезе со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен. А Неговата мајка ги чуваше сите тие зборови во своето срце.

52. А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.

Прочитајте целосна глава Лука 2