Стар Завет

Нов Завет

Лука 2:39-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. И кога свршија сè според Господовиот Закон - се вратија во Галилеја во својот град Назарет.

40. А детето растеше и јакнеше во дух, исполнувајќи се со мудрост, и Божјата благодат беше на Него.

41. И секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим на празникот Пасха.

42. Кога му беа пак дванаесет години отидоа, според обичајот во Ерусалим, на празникот.

43. И кога ги поминаа деновите, на враќање дома, Детето Исус остана во Ерусалим, а Неговите родители не знаеја за тоа,

44. туку, мислејќи дека е меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и Го бараа меѓу роднините и познатите.

45. И кога не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.

46. И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува.

47. А сите кои Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите.

48. Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”

49. Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?”

Прочитајте целосна глава Лука 2