Стар Завет

Нов Завет

Лука 2:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А во она време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители.

2. Тоа беше прв попис, кога Квиринеј управуваше во Сирија.

3. И сите одеа за да се запишат, секој во својот град.

4. Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство,

5. да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена.

6. А кога беа таму - и дојде време да роди.

7. И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.

8. А во тој ист крај пастири ноќеваа под ведро небо, чувајќи го своето стадо.

9. И одеднаш Господов ангел им пристапи и Господовата слава ги осветли, па се уплашија многу.

10. Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи:

Прочитајте целосна глава Лука 2