Стар Завет

Нов Завет

Лука 15:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. ”Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде.

5. А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена

6. и кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’

7. Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.”

8. ”Или која жена, ако има десет драхми и изгуби една драхма, нема да запали светилка, и не ја мете куќата, и не ја бара внимателно, додека не ја најде?

9. А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’

10. Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.”

11. И рече: „Некој човек имаше два сина.

12. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот.

13. А по неколку дена помладиот син собра сè свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно.

14. Кога потроши сè, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност.

15. И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите.

16. И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

Прочитајте целосна глава Лука 15