Стар Завет

Нов Завет

Лука 14:3-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И Исус проговори и им рече на закониците и фарисеите: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не?”

4. А тие молчеа. И го допре, го излечи и го отпушти.

5. А ним им рече: „Кој од вас, кога ќе му падне синот или волот во кладенец, не ќе го извади веднаш во сабота?”

6. И не можеа ништо да Му одговорат на тоа.

7. А на гостите им кажа парабола, кога забележа како ги избраа првите места и им рече:

8. ”Кога ќе те повика некој на свадба, не седнувај на прво место, за да не повика случајно некој, кој е поугледен од тебе,

9. и за да не ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал тебе, и него: ‘Отстапи му го местото на овој!’ И тогаш ќе треба засрамен да го заземеш последното место.

10. Но, кога ќе те повикаат, оди и седни на последното место, за да ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал: ‘Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест пред сите, кои се со тебе покрај трпезата.

11. Зашто, секој кој се возвишува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде возвишен.”

12. Му рече и на оној, кој Го повика: „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено.

13. Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите!

14. И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.”

Прочитајте целосна глава Лука 14