Стар Завет

Нов Завет

Лука 12:35-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Нека ви биде препашан крстот, а светилките запалени!

36. А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.

37. Блажени се оние слуги, кои господарот ќе ги најде будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, дека ќе се препаше, ќе ги прилегне до трпезата и ќе дојде да им служи.

38. И ако дојде во втората или третата стража и ги најде така, блазе им ним.

39. Но, знајте го ова: кога домаќинот би знаел во кој час ќе дојде крадецот, не би дозволил да му ја поткопа куќата.

40. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, во кој не мислите!”

41. А тогаш Петар рече: „Господи, нам ли ни ја кажуваш оваа приказна или на сите?”

42. А Господ рече: „Имено, кој е оној верен и разумен домоуправител, кого господарот ќе го постави над своите слуги, за да им дава храна на време?

43. Блажен е оној слуга, кога господарот - кога дојде - ќе го најде да работи така!

44. Вистина ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.

45. Но ако оној слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро,’ па почне да ги бие момчињата и момичињата, да јаде, да пие и да се пијани;

Прочитајте целосна глава Лука 12