Стар Завет

Нов Завет

Лука 12:29-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. И така, не барајте што ќе јадете и што ќе пиете; и не се вознемирувајте со грижи!

30. Сето тоа го бараат народите на светот, а вашиот Татко знае дека тоа ви е потребно.

31. Туку барајте го Неговото Царство, а тоа ќе ви се придаде!

32. Не бој се мало стадо, зашто вашиот Татко благоволи да ви го даде Царството.

33. Продајте го својот имот и дајте го како милостина! Направете си торби, што не изветвуваат: неисцрпно сокровиште на небесата, каде крадец не се приближува, ниту молец изедува,

34. зашто каде е вашето сокровиште, таму ќе биде и вашето срце.”

35. Нека ви биде препашан крстот, а светилките запалени!

36. А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.

37. Блажени се оние слуги, кои господарот ќе ги најде будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, дека ќе се препаше, ќе ги прилегне до трпезата и ќе дојде да им служи.

38. И ако дојде во втората или третата стража и ги најде така, блазе им ним.

39. Но, знајте го ова: кога домаќинот би знаел во кој час ќе дојде крадецот, не би дозволил да му ја поткопа куќата.

40. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, во кој не мислите!”

Прочитајте целосна глава Лука 12