7. Останете во таа куќа, јадете и пијте што имаат, зашто трудбеникот ја заслужува својата плата. Не преоѓајте од куќа во куќа.
8. И ако влезете во некој град и ве примат, јадете што ќе изнесат пред вас!
9. Исцелувајте ги болните во него и говорете им: „Божјото Царство се приближи до вас!”
10. Ако пак влезете во некој град и не ве примат, излезете на неговите улици и речете:
11. ”И правот од вашиот град - што се залепил на нашите нозе - ви го истресуваме; но знајте го ова - Божјото Царство се приближи.”
12. Ви велам - полесно ќе му биде на Содом во оној ден, отколку на тој град.”
13. ”Горко ти, Хоразине! Горко ти, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон беа извршени чудата, што се случија во вас, веќе одамна би се покајале, облечени во вреќи и во пепел.
14. Но на Тир и Сидон полесно ќе им биде на Судот, отколку вам!
15. И ти Капернауме, зар ќе се издигнеш до небо? Ќе бидеш разурнат до пеколот!
16. Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој ве отфрла вас, Мене Ме отфрла; а кој Ме отфрла Мене, Го отфрла Оној, Кој Ме пратил.”
17. А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.”
18. А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња!
19. Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости.