Стар Завет

Нов Завет

Лука 10:27-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!”

28. Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!”

29. Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?”

30. Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа.

31. А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна.

32. Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна.

33. А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали.

34. Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него.

35. Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.”

36. Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?”

37. Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така.”

38. И кога одеа, влезе во едно село, некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом.

39. А таа имаше сестра, по име Марија, која седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово.

40. А Марта се трудеше многу да Му служи што подобро. Таа пристапи и рече: „Господи! Зар не Ти е грижа дека мојата сестра ме остави да служам сама? Кажи и да ми помогне!”

Прочитајте целосна глава Лука 10