20. Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!”
21. Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја.
22. Мојот Татко Ми предаде сè! И никој не знае Кој е Синот, освен Таткото; и Кој е Таткото - знае само Синот, и оној кому Синот сака да му открие.
23. ”И кога се обрати посебно кон учениците, рече: „Блажени се очите, кои го гледаат ова, што вие го гледате!
24. Зашто, ви велам дека многу пророци и цареви сакаа да го видат тоа, што вие го гледате, и не видоа; и да го чујат она, што вие го слушате, и не чуја.”
25. И ете, еден учител на Законот стана да Го искушува и Го праша: „Учителе, што треба да правам, за да наследам вечен живот?”
26. А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?”
27. А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!”