Стар Завет

Нов Завет

Лука 10:1-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Господ определи седумдесет и ги испрати, по двајца пред Себе во секој град и во секое место, каде сакаше да отиде;

2. и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку. Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.

3. Одете! Ете, Јас ве праќам како јагниња меѓу волци.

4. Не носете ни мало торбиче за сребреници, ни торба, ниту обувки и не поздравувајте никого патем!

5. И во која куќа влезете, најнапред речете: „Мир на оваа куќа!”

6. И ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на неа; а ако ли не, ќе се врати при вас.

7. Останете во таа куќа, јадете и пијте што имаат, зашто трудбеникот ја заслужува својата плата. Не преоѓајте од куќа во куќа.

8. И ако влезете во некој град и ве примат, јадете што ќе изнесат пред вас!

9. Исцелувајте ги болните во него и говорете им: „Божјото Царство се приближи до вас!”

10. Ако пак влезете во некој град и не ве примат, излезете на неговите улици и речете:

11. ”И правот од вашиот град - што се залепил на нашите нозе - ви го истресуваме; но знајте го ова - Божјото Царство се приближи.”

12. Ви велам - полесно ќе му биде на Содом во оној ден, отколку на тој град.”

13. ”Горко ти, Хоразине! Горко ти, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон беа извршени чудата, што се случија во вас, веќе одамна би се покајале, облечени во вреќи и во пепел.

14. Но на Тир и Сидон полесно ќе им биде на Судот, отколку вам!

15. И ти Капернауме, зар ќе се издигнеш до небо? Ќе бидеш разурнат до пеколот!

16. Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој ве отфрла вас, Мене Ме отфрла; а кој Ме отфрла Мене, Го отфрла Оној, Кој Ме пратил.”

17. А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.”

Прочитајте целосна глава Лука 10