Стар Завет

Нов Завет

Лука 1:69-80 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

69. и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид;

70. како што вети од стари времиња: преку устата на Своите пророци:

71. Спасение од нашите непријатели и од рацете на сите, кои нè мразат,

72. за да ја пројави милоста над нашите татковци и да се сети на Својот свет Завет,

73. за заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде

74. да Му служиме без страв, избавени од рацете на непријателите;

75. во светост и праведност пред Него, во сите наши дни.

76. А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Сèвишниот, зашто ќе одиш пред Господа, за да Му ги приготвиш Неговите патишта,

77. за да му дадеш на Неговиот народ, да познае спасение преку проштавањето на нивните гревови,

78. преку милостивото срце на нашиот Бог, со кое ќе нè посети Зората од висините,

79. за да ги осветли оние, кои седат во темнина и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.”

80. А детето растеше и јакнеше со духот, и беше во пустините до денот кога му се јави на Израел.

Прочитајте целосна глава Лука 1