Стар Завет

Нов Завет

Лука 1:59-64 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето, и го наречуваа Захарија, по името на татка му.

60. Но неговата мајка рече: „Не, туку ќе се нарече Јован!”

61. рекоа: „Нема никој во твојот род, кој се вика така.”

62. И му дадоа знаци на татко му, како би сакал да го наречат.

63. А тој побара штичка и напиша: „Јован му е името.” И сите се зачудија.

64. И веднаш му се отворија устата и јазикот и проговори и Го благословуваше Бога.

Прочитајте целосна глава Лука 1