Стар Завет

Нов Завет

Лука 1:58-71 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

58. И кога нејзините соседи и роднини чуја дека Господ и укажа голема милост, се радуваа со неа.

59. А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето, и го наречуваа Захарија, по името на татка му.

60. Но неговата мајка рече: „Не, туку ќе се нарече Јован!”

61. рекоа: „Нема никој во твојот род, кој се вика така.”

62. И му дадоа знаци на татко му, како би сакал да го наречат.

63. А тој побара штичка и напиша: „Јован му е името.” И сите се зачудија.

64. И веднаш му се отворија устата и јазикот и проговори и Го благословуваше Бога.

65. И страв ги опфати сите нивни соседи. И се говореше за сè тоа по целиот планински крај на Јудеја,

66. и сите, кои чуја, го примија тоа во своите срца, велејќи: „Што ќе биде од ова дете?” Зашто Господовата рака беше со него.

67. А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, велејќи:

68. ”Благословен е Господ, Израелевиот Бог, зашто го посети и го искупи Својот народ;

69. и ни издигна рог за спасение во домот на Својот служител Давид;

70. како што вети од стари времиња: преку устата на Своите пророци:

71. Спасение од нашите непријатели и од рацете на сите, кои нè мразат,

Прочитајте целосна глава Лука 1