Стар Завет

Нов Завет

Колошаните 4:6-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Вашето слово секогаш да е љубезно, зачинето со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому.

7. За мене ќе ви рече сè Тихик, возљубен брат и верен слуга и соработник во Господа,

8. кого го испраќам при вас токму затоа, за да научите како сме ние и да ги утеши вашите срца,

9. заедно со верниот и возљубен брат Онисим, кој е од вас. Тие ќе ви соопштат како е тука.

10. Ве поздравува Аристарх, мојот другар во темницата, и Марко, внукот Варнавин, за кого примивте упатства; ако дојде при вас примете го

11. и Исус, наречен Јуст. Од обрезаните овие се единствени, кои ми помагаат за Божјото Царство и кои ми беа утеха.

12. Ве поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христа Исуса, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја.

13. Сведочам за него дека има голема ревност за вас, и за оние во Лаодикија, и за оние во Ерапол.

14. Ве поздравува возљубениот лекар Лука, и Димас.

15. Поздравете ги браќата во Лаодикија; и Нимфан и неговата домашна црква.

16. Кога ќе се прочита ова послание при вас, погрижете се да се прочита и во Лаодикијската црква! А она од Лаодикија, прочитајте го и вие!

17. Речете му на Архип: „Внимавај на службата, која си ја примил во Господа, да ја исполниш!”

18. Поздрав со мојата, Павлова рака. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас!

Прочитајте целосна глава Колошаните 4