поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4

Стар Завет

Нов Завет

Колошаните 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Имено, сакам да знаете колкава борба имам за вас, и за оние во Лаодикија, и за сите кои што не ме виделе лично,

2. за да се утешат нивните срца и соединети во љубовта да дојдат до сето богатство на полната уверност на разбирањето, до познавањето на тајната на Бога, и на Христа,

3. во Кого се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето.

4. А ова го велам за да не ве измами некој со убедувачки зборови.

5. Зашто, иако сум отсутен во телото, во духот сум со вас; и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа.

6. И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него:

7. вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.

8. Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа.

9. Зашто во Него живее сета полнота на Божеството,

10. и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.

11. Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа:

12. откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13. Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи;

14. на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;

15. и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.

16. И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за саботи.

17. Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос.

18. Никој да не ве лишува од наградата, сакајќи да го постигне тоа со понизност и служба на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, дуејќи се напразно со својот телесен ум,

19. а не се држи за Главата, од Која целото Тело, поврзано и помогнато со зглобовите и врските, расте со растење, кое го дава Бог.

20. И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов:

21. ”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!”

22. сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења;

23. сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.