Стар Завет

Нов Завет

Јован 5:32-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Има Друг Кој сведочи за Мене и знам дека е вистинско сведоштвото што го дава за Мене.

33. Вие пративте при Јована, и тој посведочи за вистината;

34. но јас не примам сведоштво од човек, туку го кажувам ова, за да се спасите вие.

35. Тој беше светило, што гореше и светеше, но вие сакавте да се радувате малку време на неговата светлина.

36. Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовановото: делата што Таткото Ми ги даде да ги завршам, токму тие дела, што ги правам, сведочат за Мене - дека Таткото Ме пратил.

37. И Таткото, Кој Ме прати, Самиот сведочи за Мене. Вие ни го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговото лице,

38. и Неговите зборови ги немате постојано во вас, зашто не Му верувате на Оној, Кого Тој Го пратил.

39. Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене.

40. Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.

41. Слава не примам од луѓе,

42. но знам дека вие немате во себеси Божјата љубов.

43. Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите.

44. Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата, што доаѓа од Единиот Бог?

45. Не мислете дека Јас ќе ве обвинам пред Таткото; има кој ве обвинува - Мојсеј, на кого се надевате.

46. Зашто, ако му верувавте на Мојсеја, ќе Ми верувавте и Мене; зашто тој пишуваше за Мене.

Прочитајте целосна глава Јован 5