Стар Завет

Нов Завет

Јован 4:23-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.

24. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”

25. Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.”

26. Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”

27. Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?”

28. Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето:

29. ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?”

30. Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.

31. Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”

32. Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”

33. Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”

Прочитајте целосна глава Јован 4