Стар Завет

Нов Завет

Јован 4:18-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. зашто си имала петмина мажи и тој, кого го имаш сега, не ти е маж. Тоа го рече вистинито.”

19. Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк.

20. Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.”

21. Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим.

22. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците.

23. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.

24. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”

25. Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.”

26. Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”

27. Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?”

28. Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето:

29. ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?”

30. Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.

31. Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”

Прочитајте целосна глава Јован 4