Стар Завет

Нов Завет

Јован 4:12-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!”

13. Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.

14. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”

15. Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!”

16. Исус и рече: „Оди, повикај го мажа си и врати се тука!”

17. Жената му одговори и рече: „Јас немам маж.” Исус и рече: „Право кажа дека немаш маж;

18. зашто си имала петмина мажи и тој, кого го имаш сега, не ти е маж. Тоа го рече вистинито.”

Прочитајте целосна глава Јован 4