Стар Завет

Нов Завет

Јован 4:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода?

12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!”

13. Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.

14. А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”

15. Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!”

Прочитајте целосна глава Јован 4