Стар Завет

Нов Завет

Јован 21:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Исус им се јави пак на учениците, на Тиверијадското Море; имено, им се јави вака:

2. Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска и Зеведеевите синови, и други двајца од Неговите ученици, беа заедно.

3. Симон Петар им рече: „Одам да ловам риби!” Му рекоа: „Доаѓаме и ние со тебе.” Така излегоа и влегоа во кораб, но таа ноќ не фатија ништо.

4. А кога се разденуваше, Исус застана на брегот; но учениците не знаеја дека е Исус.

5. Исус им рече: „Деца, имате ли нешто за јадење?” Му одговорија: „Немаме.”

6. А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата оддесно на коработ и ќе најдете.” И така, ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од мноштво риби.

7. Тогаш ученикот - кого Исус го љубеше - му рече на Петра: „Господ е.” Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката, зашто беше необлечен, и скокна во морето.

Прочитајте целосна глава Јован 21