Стар Завет

Нов Завет

Јован 18:35-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”

36. Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”

37. Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”

38. Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.

39. А при вас е обичај да ви пуштам по еден на Пасхата. И така, сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”

40. Тогаш повторно извикаа, велејќи: „Не Овој, туку Варава!” А Варава беше разбојник.

Прочитајте целосна глава Јован 18