Стар Завет

Нов Завет

Јован 18:24-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Тогаш Ана Го прати врзан при првосвештеникот Кајафа.

25. А Симон Петар стоеше таму и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?” Тој одрече: „Не сум.”

26. Еден од слугите на првосвештеникот, роднина на оној, кому Петар му го отсече увото, рече: „Нели јас те видов во градината со Него?”

27. Но Петар одрече повторно, и веднаш запеа петел.

28. Тогаш го одведоа Исуса од Кајафа во преторијата; а беше утро; и тие не влегоа во преторијата, за да не се осквернат, туку да можат да ја јадат Пасхата.

29. Затоа Пилат излезе пред нив и рече: „Какво обвинение поднесувате против Човеков?”

30. Во одговор му рекоа: „Ако Овој не беше злодеец, немаше да ти Го предадеме.”

31. А Пилат им рече: „Земете Го и судете Му според вашиот Закон.” Јудејците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да убиеме некого,”

32. - за да се исполни Исусовиот збор, со кого навести со каква смрт ќе умре.

33. Потоа Пилат се врати во преторијата, Го повика Исуса и Му рече: „Ти ли си Јудејскиот Цар?”

34. Исус одговори: „Го зборуваш ли тоа сам од себе, или други ти кажаа за Мене?”

35. Пилат одговори: „Јудеец ли сум јас? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си сторил?”

36. Исус одговори: „Моето Царство не е од светов; ако Моето Царство беше од овој свет, Моите воини би се бореле да не им бидам предаден на Јудејците; но Моето Царство не е оттука.”

37. Пилат на тоа му рече: „Сепак си Цар?” Исус одговори: „Ти велиш дека Сум Цар. Јас се родив за тоа и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината. Секој - кој е од вистината - го слуша Мојот глас.”

38. Пилат Му рече: „Што е вистина?” Штом го рече тоа, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.

39. А при вас е обичај да ви пуштам по еден на Пасхата. И така, сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?”

Прочитајте целосна глава Јован 18