Стар Завет

Нов Завет

Јован 17:16-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот.

17. Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината.

18. Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот;

19. За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.

20. Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене,

21. за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.

22. И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно;

23. Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене.

24. Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава, што Ми ја даде, зашто Ме љубеше пред создавањето на светот.

25. Праведен Татко, светот не Те запозна, а Јас Те запознав, и овие познаа дека Ти си Ме пратил.

26. Им го објавив Твоето име и ќе го објавувам, па љубовта, со која Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив.”

Прочитајте целосна глава Јован 17