поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21

Стар Завет

Нов Завет

Јован 15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот.

2. Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод.

3. Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував.

4. Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.

5. Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.

6. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.

7. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.

8. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.

9. Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10. Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.

11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.

12. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас.

13. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.

14. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.

15. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.

16. Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.

17. Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”

18. ”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!

19. Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.

20. Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.

21. Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил.

22. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.

23. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.

24. Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.

25. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’

26. ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;

27. а и вие ќе сведочите, зашто сте со Мене од почетокот.”