Стар Завет

Нов Завет

Јован 14:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.

27. Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.

28. Чувте дека ви реков: Одам и ќе ви дојдам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам при Мојот Татко, зашто Таткото е поголем од Мене.

29. И ви реков сега, пред да се збидне, за да поверувате кога ќе се збидне.

30. Не ќе зборувам уште многу со вас, зашто доаѓа кнезот на овој свет; тој нема ништо во Мене;

31. но, за да сознае светот дека Јас Го љубам Таткото и дека правам, како што Ми заповеда Мојот Татко! Станете! Да си одиме оттука!”

Прочитајте целосна глава Јован 14