Стар Завет

Нов Завет

Јован 14:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот.

14. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.”

15. ”Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

16. И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека:

17. Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.

18. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас.

19. Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме видите; зашто Јас живеам и вие ќе живеете.

20. Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас.

21. Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, него ќе го љуби Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, и ќе му се јавам Сам.”

22. Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа: дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?”

Прочитајте целосна глава Јован 14