Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се препаша.

5. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.

6. Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?”

7. Исус одговори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.”

8. Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.”

9. Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.”

10. Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.”

11. Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!”

12. А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив?

13. Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум.

14. И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг;

15. зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас.

16. Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној, кој го пратил.

Прочитајте целосна глава Јован 13