Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:28-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа.

29. Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!” или да раздаде нешто на сиромасите.

30. Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ.

31. А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него.

32. Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави.

33. Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега.

34. Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.

35. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!”

36. Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?” Исус му одговори: „Каде одам Јас, ти сега не можеш да тргнеш по Мене, но подоцна ќе Ме следиш.”

37. Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе.”

38. Исус одговори: „Својот живот ли ќе го дадеш за Мене? Вистина, вистина ти велам, петел нема да пропее, додека трипати не се одречеш од Мене.”

Прочитајте целосна глава Јован 13