Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И откако го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!”

28. Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа.

29. Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!” или да раздаде нешто на сиромасите.

30. Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ.

31. А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него.

Прочитајте целосна глава Јован 13