Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас.

20. Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.”

21. Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”

22. Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува.

23. А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради;

24. тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!”

25. Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Господи, кој е?”

26. Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.” И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот.

27. И откако го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!”

28. Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа.

29. Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!” или да раздаде нешто на сиромасите.

Прочитајте целосна глава Јован 13