Стар Завет

Нов Завет

Јован 13:17-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Кога го знаете ова, блажени сте - ако го исполнувате тоа.

18. Не зборувам за сите вас; Јас знам кои ги избрав; туку треба да се исполни Писмото: ‘Кој го јаде Мојот леб, ја подига својата петица против Мене.’

19. Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас.

20. Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.”

21. Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”

22. Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува.

23. А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради;

24. тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!”

Прочитајте целосна глава Јован 13